Правна порака.
Заштита на податоците.
При користење на нашите услуги можеби ќе Ви биде побарано да дадете лични податоци. Нивното давање е доброволно. Вашите лични податоци се користат во склад со законот за заштита на лични податоци. Личните податоци кои се предадени на овој веб сајт ќе се искористат според договорената процедура за да се обработат Вашите барања. Само доколку експлицитно се согласите, Вашите податоци ќе се искористат за консултантски, рекламни и пазарни истражувања. Доколку ја направите горенаведената согласност, Вие давате и дозвола Вашите лични податоци да се искористат од страна на други BMW AG организации или дополнително именувана трета страна, при што Вашите лични податоци можеби ќе им се испратат на таа трета страна. Доколку не се согласите, Вашите податоци нема никаде да се пратат.
Cookies.
Cookie е малечка текстуална датотека која веб сајтот ја копира на Вашиот хард-диск. Cookies не можат да го оштетат Вашиот компјутер и не содржат вируси. Тие не служат за собирање на Вашите лични податоци. Во секое време можете да го оневозможите нивното користење со менување на подесувањата на Вашиот прелистувач. Тие се користат само за подобрување на Вашето искуство на нашиот веб сајт и за спроведување на анонимни, статистички проценки за времетраење на Вашата сесија. Доколку се употребат за друга цел во некој дел од веб сајтот, Вие ќе бидете правовремено информирани за тоа.
Авторски права.
© Copyright BMW AG, Munich, Germany. Сите права задржани. Текстовите, сликите, цртежите, звучните датотеки, анимациите, видео датотеките и нивното уредување на веб сајтовите на BMW Group се предмет на авторските права и останатата заштита на интелектуална сопственост. Овие објекти не може да се користат за комерцијални цели или за дистрибуција, ниту пак може да се модифицираат и да се постават на други веб сајтови. Некои веб сајтови на BMW можеби содржат слики чии авторски права припаѓаат на трета страна.
Гаранции, обврски.
Информациите на овој веб сајт се поставени во дадениот облик и не подлежат на гаранции од каков било вид, наведени или законски, вклучувајќи (но не исклучиво) и секаков вид законски гаранции за пазарна подготвеност, спремност за некоја одредена намена или незагрозување на правата на трета страна. Точноста на поставените информации се зема за вистинита, но не се исклучува присуство на грешни или неточни поставувања. BMW AG (БМВ а.д.) не понесува никаква обврска кон некоја страна за конкретна, посредна или последователна штета што се доведува во поврзаност со материјалот изнесен тука, сè доколку штетата не е резултат на крајна небрежност и умисла. BMW AG не понесува одговорност за содржината на вебсајтот што го одржува трета страна и оттука ја отфрла одговорноста за каков било линк од овој веб сајт кон други веб сајтови.
Заштитени знаци.
Доколку не е поинаку наведено, сите заштитени знаци за овој веб сајт се сопственост на BMW AG, вклучувајќи знаци, имиња на модели, логоа и амблеми.
Дозволи.
Групацијата BMW прави заложби за реализирање на иновативен и информативен вебсајт. Сепак, се очекува посетителот да ја разбере обврската на Групацијата BMW за заштита на својата интелектуална сопственост, вклучувајчи ги тука патентите, регистрираните марки и авторските права. Следствено, му укажуваме на посетителот дека со овој вебсајт не се дозволува ползување на интелектуалната сопственост на трговските друштвата од Групацијата BMW или интелектуалната сопственост на трети страни.